И ДА, ТОКМУ ТАКА – Работниците не се виновни за ниската продуктивност
Претседателот на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков во изјава за „Блумберг“ кажа дека за ниската продуктивност виновни се недостигот на инвестиции и иновации во бизнис секторот.
Да, ова е факт. И мило ми е што некој од бизнис страната јасно и гласно го кажа ова, оти постојано слушаме дека продуктивноста е ниска поради работниците.
Повеќе пати претходно го имам дадено овој пример, но еве да ја освежам меморијата. Нашите работници кога ќе заминат во странство или на сезонска работа се максимално продуктивни. Доказ за тоа е што, на пример, во истите хотели во Хрватска заминуваат да работат истите работнци од минатата сезона. Да не беа продуктивни или лаички кажано да не работеа, немаше да ги викнат. Не што немаше да ги викнат, туку ќе ги испратеа веднаш дома. Никој нема да плати работник кој не работи.
Ама таму земаат над 1,000 евра плата, па се мотивирани да бидат продуктивни.
Со овој пример се побива секое тврдење на бизнис секторот дека работниците не се доволно продуктивни. Мислам, Бошков убаво си кажа во изјавата. И плус многу е интересно тоа што дел од бизнис заедницата отворено говори дека се потребни инвестиции во технологијата за да се зголеми продуктивноста. И погодете – никој не презема ништо за да се случи тоа.
Мислам дека тука можам да го спуштам перото, кажано е сѐ што треба да биде кажано.

