Како да заработите пасивни приходи во Македонија? Одговорите ги даде ChatGPT
Како да заработиш пасивен приход во Македонија? Ова прашање му го поставив на алатката базирана на вештачка интелигенција ChatGPT. Во прилог се деветте одговори кои таа ги генерираше.
Изнајмување на недвижнини
Првиот предлог на ChatGPT е нешто од што добро се заработува на запад, а во поединечни случаи и во Македонија, а тоа е изнајмување на недвижнини.
„Купете недвижнини, како апартмани или куќи и изнајмувајте ги. Можете да имате стабилен приход од месечните кирии“, советува ChatGPT.
Купување на акции
Вториот совет на вештачката интелигенција е многу пореален во македонски рамки, бидејќи има поголем број луѓе кои поседуваат акции на берзата.
„Инвестирајте во акции на листата на македонската Берза или на меѓународните пазари. Акциите дистрибуираат дел од профитот на компанијата до акционерите, овозможувајќи ви да заработите пасивен приход преку регуларно исплаќање на дивиденди“, вели ChatGPT.
Позајмување на пари
Третиот предлог е позајмување на пари на поединци или компании. Нешто слично како друштвата за брзи кредити. За ова изразот на англиски е „ Peer-to-Peer Lending“. Во Македонија постојат многу финансиски друштва кои даваат брзи кредити, а мислењата за нив, меѓу народот, се поделени.
„Учествувајте во платформи кои овозможуваат позајмување на пари на поединци или компании во Македонија. Можете да заработувате од каматите на вашите позајмици кои на сметка на тоа ќе ви генерираат пасивен приход“.
Креирање на дигитални производи
Следниот, четврти предлог е нешто што го прават многу луѓе ширум светот, а верувам дека има и во Македонија има луѓе кои се насочени кон истото. Имено, станува збор за креирање на дигитални производи.
ChatGPT, те молам објасни.
„Создадете и продавајте дигитални производи како електронски книги, онлајн курсеви или софтверски апликации. Штом ги креирате, овие производи можат да генерираат приход без премногу вложување напор во континуирано работење на истите“.
Хонорар од авторски права
Петтиот предлог на ChatGPT е нешто што веќе е присутно кај нас – хонорар од авторски права.
На тебе е редот ChatGPT.
„Доколку имате креативни вештини, за пишување, музичка продукција или графички дизајн, можете да создадете интелектуална сопственост и да ја лиценцирате и да заработувате хонорар. Ова може да вклучува пишување на книги, компонирање музика или дизајнирање на уметнички дела“.
Affiliate Marketing
Според ChatGPT добар пасивен приход може да се оствари и од т.н. Affiliate Marketing. Затоа и алатката ова го дава како шести предлог. Сепак, за да можете да правите пари на овој начин, потребно е да имате блог или веб страна.
„Направете веб страна или блог кој ќе биде фокусиран на специфична ниша (сфера) и промовирајте производи или услуги преку affiliate links (линкови кои водат до производот или услугата која се продава). Кога некој ќе купи нешто преку вашиот блог, вие ќе заработите провизија“, вели ChatGPT.
Продавница за е-трговија
Седмиот предлог на вештачката интелигенција е креирање на онлајн (интернет) продавница, нешто слично на она што во Македонија веќе го имаат некои книжарници, продавници за обувки и слично.
„Создадете продавница за е-трговија за да продавате физички производи. Можете да ги користите платформите како Shopify или WooCommerce за продавање на производите и да го автоматизирате процесот на исполнување“, советува ChatGPT.
Продавање на фотографии преку интернет
Следниот, осми предлог е за оние кои умеат да прават добри фотографии.
„Ако имате вештини за фотографирање, можете да сликате висококвалитетни фотографии и да ги продавате преку веб страните кои служат за таа намена. Секогаш кога некој ќе ја купи вашата фотографија, вие заработувате хонорар.
YouTube канал
И последниот, деветти предлог на ChatGPT е креирање на YouTube канал. Оваа, да ја наречам, активност која веќе подолго време е присутна во Македонија, а која добива на сѐ поголема популарност со појавата на поткастите кои третираат различни теми.
„Започнете YouTube канал на тема за која имате страст и изградете база на претплатници (следбеници). Еднаш штом вашиот канал добие на популарност, можете да го монетизирате преку реклами, спонзорства или продавање на merchandise (маици, капи итн.).
ChatGPT предочува дека потребно е да се запамети оти правењето на пасивни приходи изискува вложување труд и финансии. Од голема важност е да се направи истражување, да се согледаат потенцијалните ризици, па дури и да се побара професионален совет доколку е тоа потребно.
Дополнително, треба да се обрне внимание и на даночниот систем во Македонија, заради што ChatGPT советува да се консултирате со финансиски консултант или сметководител.

