Како 2022 да ви биде поуспешна од останатите години? Реномиран професор има совети за вас
Годините зад нас се „обоени со криза“, полни со искушенија и нови предизвици. Поради тоа, експертите советуваат оваа 2022 година дека не треба да се поставуваат големи и амбициозни цели.
Ваков е ставот на Стивен Пинкер, професор од Харвард, инаку лингвист и психолог чија специјалност е когнитивната психологија.
Пинкер се бави и со рационалноста и заедничкото знаење за сите луѓе, а во своите трудови настојува да објасни некои феномени како што се јавните протести, хиперинфлацијата и лојалноста на брендовите.
За многумина, и 2022 година е неизвесна, иако состојбата генерално е подобра во однос на 2020 и 2021. Сепак, и понатаму има многу несигурности, замор и губење на ентузијазмот за започнување на големи нешта. Тука се и следечките психо – физички промени.
Што не советува Пинкер?
Пандемијата покажала дека меѓу луѓето има многу ирационално. Медиумите се преполни со вести кои не содржат факти и аргументи, полни се со детски реакции и настапи на бес. Чести се нападите и испадите кои се водени од емоциите, пишува професорот од Харвард.
Советува сите да бидат порационални, посмирени и поразбрани во 2022 година. Според неговите зборови, тоа е решението. За почеток, не морате секогаш да бидете во право.
Секоја дискусија, во која влегувате, направете ја помалку агресивна, нека има помалку расправии, а повеќе разбирање и аргументи. Потрудете се ситуациите и односите да бидат исправни, што поблиску до вистината и разбирањето.

Фото: Shutterstock
Пинкер исто така смета дека „природно е луѓето да сакаат да бидат во право, т.е. да станат алфа учесник во дебатата“. Но, неговиот совет е да вежбаме да водиме разговори во потрага за вистина, а не доминација.
Кога и да забележите дека комуникацијата заостанува или е премногу лична и соперничка, потсетете се себеси дека целта не е секогаш да бидете во право“, советува Пинкер.
Што мисли за социјалните мрежи?
Расправиите кои се водат на социјалните мрежи – се еден од примерите кој објаснува како луѓето често се однесуваат ирационално. Таквиот вид на дебати не доведува до спознавање на нови идеи и решенија. Ако трагате по добри деловни резултати, рационалноста е нешто што се цени.
Можеби оваа година ќе сфатите дека времето кое го поминувате на мрежите поминува „залудно“ т.е. дека можете да го искористите на попаметен начин. Насочете го фокусот кон дополнителни обуки, тренинзи, работилници.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Freepik

