ПравдаСветот на работникот

Ковачевски: Кај нас може да се работи повеќе од 40 часа неделно и без законски измени

Јавното претпријатие за државни патишта преку оглас ќе вработи 28 работници чии задолженија ќе бидат коридорите 8 и 10 д. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 денари до 70.052 денари, а ќе бидат вработени во Јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22.1.2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.

И покрај бројните реакции во јавноста премиерот Ковачевски денеска потенцираше дека и сo сегашните законски решенија може да се работи повеќе од 40 часа, со согласност на работникот.