ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Ковачевски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по дијалог со сите засегнати страни

Ќе има зголемување на минималната плата, но тоа треба да се направи низ економско-социјален дијалог со сите засегнати страни и во консултација со синдикатите и со работодавачите, порача премиерот Димитар Ковачевски.

– Веќе денеска на оваа тема има средби на претставници на Министерството за труд и социјална политика и други ресорни министерства, заедно со вицепремиерот за економски прашања со претставници на синдикатите. Тоа е прашање кое се решава низ економско-социјалниот дијалог – истакна Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Повеќе на Нова Македонија