Останато

Компаниите кои воведуваат нови модели на работа ќе им ги „украдат“ работниците на оние токсичните

Компаниите треба да се стремат кон воведување на нови практики за мотивација на работниците, бидејќи само така ќе успеат да ги задржат.

Како што е веќе познато, пазарот на трудот се повеќе се „стеснува“

Тоа значи дека се намалува бројот на работници. а со тоа работодавачите се принудени да ги преиспитаат своите политики и да воведат нови модели на работа. Како што покажува и времето, само така може да ги задржат сегашните и да ангажираат нови работници. 

Несомнено е дека во иднина ќе опстојат само оние компании кои ќе се прилагодат на новите трендови:

  • поголема флексибилност,
  • поголеми бенефити и
  • унапредени работни услови.

Некои компании веќе започнаа да применуваат нови модели на работа со кои се обидуваат да ги задржат своите вработени и воедно да привлечат нови.

Моите очекувања се дека истите ќе им ги „земат“ работниците на компаниите кои нема да се држат до овие нови трендови. 

Во Македонија има компании кои практикуваат западни стимулативни мерки

Интересно е сознанието дека некои компании ги имаат воведено оние западни практики на давање на акции на вработените како еден вид на награда и овозможување на платен одмор до 6 месеци, мерка којашто спаѓа во т.н. RETENTION стратегија.

За да биде појасно, RETENTION се дефинира како можност на организацијата да превенира работниците да заминат од работните места преку мерки за новна мотивација. 

Оваа стратегија нуди низа на алатки кои компаниите можат да ги применат за да ги задржат вработените.

Според мене, во иднина, само оние коишто ќе знаат умешно да спороведуваат вакви стратегии, ќе успеат да го одржат квалитетот на работна сила во компаниите. 

Структурата на деловните субјекти е таква што доминираат микро и малите претпријатија. Сепак, тоа не мора да значи дека тие ќе останат имуни на овие промени. 

Од голема важност се и обуките и тренинзите коишто ги спроведуваат самите компании. Тие се особено важни за младите работници. Преку нив може нематријално да се мотивираат да останат и да се вработат во компанијата. 

На пазрот на труд се случуваат огормни промени чии ефекти допрва ќе се почуствуваат во Македонија. Останува на времето да покаже што ќе се случува понатаму. Западните трендови пристигнуваат и кај нас. Чекор по чекор. 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk