Кочовски: Тајминогот за примена на Недела како неработен ден е сомнителен, бидејќи е пред локалните избори
Проектот ,,Недела – неработен ден” продолжува да биде злоупотребуван од страна на владејачкото мнозинство!
Иако веќе скоро една година се промовира овој проект, на денешната прес-конференција одржана од страна на министерката за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска, беше истакнато дека истиот ќе започне со имплементација од ПРВИ ОКТОМВРИ?!?!?!
Да се потсетиме, ОКТОМВРИ е месец на Локални избори во Република Македонија, месец во кој што ќе се добие нова локална власт во општините ширум земјава. Тајмингот кој што е избран за спроведување на проектот ,,Недела – неработен ден” остава огромен простор за сомнеж дека истиот ќе биде злоупотребен за партиски цели, односно како своевиден “легален поткуп” за глас повеќе во изборниот циклус.
Како претседател на Движење за социјална правда „Обединети работници“ ја осудувам оваа стратегија на Владата на Република Македонија и МТСП, поради фактот дека истата не е наменета исклучиво за интересите и потребите на работниците, туку истата има далеку поголема позадина.
Политичките партии мора да разберат дека со манипулации и злоупотреби на работниците нема да добијат ништо друго освен нивниот гнев.

