КСС останува на ставот дека треба да има протести
КСС останува на ставот дека треба да има протести. Од СОНК најавија дека нема да учествуваат в среда на протестите, но даваат поддршка на колегите од гранските синдикати. Најавија дека денес ќе донесат конечна одлука дали СОНК ќе организира генерален штрајк во дејностите детска заштита,основно и средно образование, веројатно и високо образование.
Битиќи потсети дека во изминатите години, со растот на минималната плата, соодветно растеле платите во сите сектори.
Ако одиме по сектори, податоците за раст на платите се следни: Шумска полиција зголемување од 30 отсто во 2021 според колективен договор, АНБ и Агенција за разознавање согласно соодветните закони имаме зголемување од 20 до 25 отсто од 2019 до 2021 година, во Катастарот зголемување од 5 до 30 отсто во 2019 година за геодети информатичари, во казнено поправните домови од 25 до 30 зголемување согласно Законот, во образование по 5 отсто зголемувања во 2018, 2019, 2020 и по 10 отсто. Со законот кој што е заглавен во собрание за дополнителни 5% од септември, истакна Битиќи потсетувајќи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со месеци го блокира Законот за наставници и стручни соработници и го повика Синдикатот за образование и наука, таму да изврши притисок.

