Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот
Од Лекарската комора денеска упатија апел до лекарите и до медицинскиот персонал да ги почитуваат препораките во врска со коронавирусот. Тие, нагласија од Комората, мора да се однесуваат во согласност со принципите на професијата и да се однесуваат како што доликува на лекарската професија – одговорно и разумно.
Денешната прес-конференција на Комората беше одржана и во врска со директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која се заразила со коронавирус во Италија, и која наместо да ги почитува препораките за заштита од вирусот, неколку дена одела на работа, пишува Академик.

