ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ШЕСТ ИЛЈАДИ КОМПАНИИ ЗА ТРИ ГОДИНИ: се намалил бројот на деловните субјекти

Во период од три години бројот на активни деловни субјекти во земјава се намалил за скоро шест илјади компании или точно 5.490 фирми. Ова го покажуваат податоците објавени во анализата на Државниот завод за статистика насловена „Регионите во Македонија“.

Бројките откриваат дека во 2019 година сме имале вкупно 75.914 активни компании, но веќе во 2021 година нивниот број паднал на 70.424 компании.

Податоците говорат дека има намалување и кај големите компании, кои вработуваат над 250 лица. Па така во 2019 година имало 232 големи фирми, додека во 2021 година 226.

Повеќе на Фактор