Муча реагира до ВМРО-ДПМНЕ: Точно е дека Трајановски дал 150 милиони денари субвенции, но платите во ЈСП ги намалил на 10 илјади денари
Првиот човек на Синдикатот на ЈСП, Африм Муча, на гостувањето во 10 МИНУТИ на ТВ21 реагираше на вчерашната изјава на ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат за лошо управување со средствата на компанијата на Град Скопје.
Муча рече дека е точно дека во времето кога Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ бил на чело на Скопје биле пуштени 150 милиони денари субвенции, но од друга страна платите тогаш биле намалени на 10 илјади денари.
„Истиот Коце Трајановски ни ги намали платите во 2010 година. Ни се одземени 17%. Од тогаш ги имаме овие проблеми“, изјави Муча

