Надоместок на плата за скратено работно време
Надоместок на плата за скратено работно време
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи, родителот го остварува во центарот за социјална заштита, без оглед на возраста на детето.
Висината на надоместокот на плата изнесува 50% од просечната нето плата на родителот за претходната година, но најмногу до 50% од просечната нето плата во Република Македонија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика.
Начинот за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време, образецот на барањето и документацијата за остварување на правото го пропишува министерот.
Тимот на Јуридика

