Намален интересот за работа во угостителството
Само стотина лица пројавија интерес за дополнително вработување во хотелско угостителскиот сектор. Во пресрет на туристичката сезона проблемот со недостиг на кадар се продлабочува…
Мал интерес за работа во хотелско угостителскиот сектор. Само стотина лица се пријавија на платформата на ХОТАМ за екстра заработка во хотелите и рестораните.
На прагот на туристичката сезона проблемот со недостиг на кадар се продлабочува. Огласите за работа се преполни, се бараат готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг персонал.
„Не може да се пофалиме дека имаме некоја задоволителна бројка на пријавени. Очекувавме од 300 до 500 луѓе да побараат екстра заработка од втора работа интересот е на ниско ниво“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Еден готвач во земјава заработува од 30.000 до 45.000 денари нето-плата, но сепак нашите граѓани заминуваат на сезонска работа во странство.
„За една дадена работа која се плаќа во Хрватска 1.000 евра, таа дадена работа се плаќа само три-четири месеци. И ние овде за такви вработувања, да би нашле финансии да платиме некои вработени“, појаснува Блажески.
Проектот на ХОТАМ за дополнителна заработка им овозможува на веќе вработени лица екстра да заработат преку ангажман во хотелско угостителскиот сектор од дневници со платени придонеси.
Извор: МРТ

