МакедонијаСветот на работникот

Нацијата ни старее, ќе имаме уште поголем проблем со работната сила, спасот е во автоматизацијата и роботизацијата

Негативните демографски трендови – стареењето на нацијата и иселувањето на младите се голем проблем и за бизнисот. Компаниите последниве години буквално водат битка како да ги задржат младите работници кшто останаа во државата. Од друга страна, дополнителен проблем е наталитетот, кој е многу опаднат и кој е уште еден сериозен предизвик за власта и за бизнисот. Работодавците велат дека засега сè уште се снаоѓаат некако со работна сила, но велат дека ќе биде полошо во иднина. И министерот за економија и труд, Бесар Дурмши, вели дека државата се соочува со сериозни предизвици: намален наталитет, иселување на младите и стареење на населението, што, како што рече, директно влијае врз јавните услуги и социјалните системи.

Повеќе тука