Најголем дел од Германците не сакаат да работат повеќе од осум часа дневно
Околу три четвртини од вработените во Германија сакаат работниот ден да трае најмногу осум часа, покажува нова студија на Конфедерацијата на германските синдикати (DGB). Истражувањето открива дека само мал дел од испитаниците би прифатиле работно време до 10 часа, додека дури 98 отсто од нив категорично ја отфрлаат можноста за подолг работен ден.
Кога станува збор за преферирано време на работа, 95 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да ја завршат работата најдоцна до 18 часот, а најголем дел сакаат работниот ден да започнува по 6 часот наутро. Само 10 отсто би сакале да започнат со работа по 10 часот.
Опцијата за поделен работен ден – со подолга пауза меѓу утринскиот и попладневниот дел – не им е привлечна на поголемиот број од испитаниците.
И покрај овие ставови, 43 отсто од вработените во Германија изјавиле дека често или многу често го надминуваат осумчасовното работно време. Околу 36 отсто тоа го прават повремено, додека само секој петти работник никогаш не работи повеќе од осум часа дневно.
Извор: b92.net

