Ниеден работник не бил отпуштен од компаниите со странски капитал
Продуктивноста на трудот во зоните расте побрзо од платите. Првиот човек на ТИРЗ Деспотовски уверува дека нема да се дозволи корист од продуктивноста на работниците да имаат само фирмите. Вели дека во следниот период, приоритет во преговорите со инвеститорите кои ќе сакаат да дојдат тука, ќе биде износот на платата која тие ќе треба да ја дадат на работниците. Се подготвува и нов концепт на привлекување инвеститори.

Деспотовски посочи дека најголем дел од инвеститорите во зоните успеале да се справат со проблемите од Ковид кризата која силно удри по фабриките во Европа каде тие извезуваат. Оние пак кои се соочиле со потешкотии не отпуштиле ниту еден работник.
Инаку според анализата на ТИРЗ, во изминативе 10 години странските компании во земјава добро заработувале. Растеле приходите, но и вработувањата. Во овие фирми од 2010 до сега вработени се околу 14 илјади лица, со просечна плата од близу 27 илјади денари. Најдобри се платите на оние во фабриките од фармацевската индустрија.
Извор: Сител
