Светот на работникот

Овие два дена од неделата сега се најмалку важни: Како да знаете кога треба да бидете на работа?

Четврток би можел да биде новиот понеделник, кога е во прашање осмислување на стратегијата во текот на кои денови најмногу ќе поминувате време со менаџерите, во канцелариите. Со други зборови „распоредот на вашиот шеф е и ваш распоред“. 

Пред пандемијата, можеби често први се доаѓале во канцеларија, а последни сте заминувале. Но потоа, се се променило. Повеќе од една година милиони работници работат од далечина, а и оваа опција да не остане трајна – наголемо се зборува за хибридниот модел на работа. 

Тоа е нова политика на работење која можете максимално да ја искористите, само доколку знаете како. Комбинираната работна недела подразбира 2 – 3 пати неделно да доаѓате на работа, а остатокот од деновите да работите од дома. Но, како да одберете кога да бидете во канцеларија?

Многу работодавачи планираат да им овозможат на вработените да самите изберат каде и кога сакаат да работат. Ова за амбициозен работник значи осмислување на стратегија. Со други зборови, одете на работа во оние денови кога менаџерите можат најмногу да ве забележат – вашата работа и придонесот на компанијата. 

„Консензусот“, постигнат помеѓу многумина менаџери и тренери за лидери во компаниите во кои појавувањето во компанијата е важно е дека вторник, среда и четврток се главни денови. Значи, понеделник повеќе не е во фокусот, како претходно, а петок е во главно лежерен и тогаш сите се подготвуваат за викендот. 

Средината на неделата, поради тоа, е многу важна за носење на одлуки, развивање нови идеи и вкрстување на мислењата. Потрудете се тие денови да бидете на работа. WSJ пишува дека „петок е веројатно најнезначајниот работен ден“.

Другата стратегија е нивото на флексибилност да го сведете на минимум, иако шефовите ви даваат одредена слобода. Самата логика налага дека најпрво ќе напредува оној вработен кој е присутен, а тоа е сега последно да се изведе отколку претходно, бидејќи ќе морате „помалку да се борите“ за вниманието на шефовите, со оглед на тоа дека голем дел од вашите колеги нема да работат по старо. 

Во секој случај, договарајте се со тимот. Флексибилниот модел на работа не значи дека треба се да правите „по свое“, бидејќи тоа нема да ви донесе бенефити. Постојат луѓе кои совршено и без грешка работат од далечина. Потребно е да се најде златната средина. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Shutterstock