ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Петрески за Лидер: Барањата за драматичен пораст на платите, без притоа да се зголемила продуктивноста, не може да бидат издржани!

Порастот на минималната плата ги зовре синдикалците и ги извади работниците на улица. Единствен излез е преку штрајк и протести да се дојде до повисоки плати. Голем дел од работнците кои се дел од државните институции и покрај законскиот основ за раст на нивната плата, иако усвоена месецов не ја добија ниту загарантираната минимална плата од 18 илјади денари.
Нездоволни од платите по зголемувањето на минималецот се и административните и судските службеници, поштарите, негувателките, наставниците, здравствените работници.

Зголемувањето на платите дирекно зависи од состојбата на државната “каса“.

Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека логично е после зголемување на минималната плата да се покренат барања за повисоки плати од сите други општествени групи. Но, вели она што зависи од државниот буџет, мора да се оценува наспроти фискалната одржливост и потребата од продлабочување на буџетскиот дефицит и, оттука, на јавниот долг.

Повеќе на Лидер