МакедонијаСиндикат

Платите на административните работници во детските градинки ќе се зголемат дополнително за 7 %, во период од 3 години

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Денес, социјалниот дијалог и партнерски однос со Министерството за социјална политика, демографија и млади вроди со договор, со кој, платите на административните работници во детските градинки ќе се зголемат дополнително за 7% годишно, во период од 3 години.

Во наредниот период останува работните групи од СОНК и Министерството да се усогласат за прашања кои треба да се доуредат во новиот Колективен договор и во измените на Законот за заштита на децата.