Првата пешадиска бригада на АРМ го одбележува својот ден во Петровец
Денес, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Првата пешадиска бригада (1.пбр) ќе го прослави својот ден, момент кој ја одбележува историската трансформација на единицата. На 2 април, бригадата го прославува својот „роденден“, датум кој потсетува на спојот на две поранешни бригади и преземањето на нивните задачи, со што Првата пешадиска бригада се издигна во најголемата борбена сила во составот на Армијата.

