МакедонијаСветот на работникотСиндикат

ПОТРЕБНИ СЕ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Автор: Бобан Илијевски

Конференција на Слободните синдикати на Македонија во организација со Европската конфедерација на синдикати, финансиски поддржана од Европската унија

Тема: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на последиците од Ковид -19.

Темата на денешната конференција беше многу важна за нас синдикатите, а тоа е зајакнување на улогата на синдикатите од пост-ковид влијанието, каде што знаеме дека во тој период влеговме една летаргија на недокажаност на законите или пропусти во коишто ги немавме планирано во период на пандемијата. Ова го рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, на денешната конференција со наслов: „Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на последиците од Ковид -19“, која е дел од проектот на Европската конфедерација на синдикати и е финансиски поддржана од Европската унија.

Тој посочи дека кризата и понатаму продолжува, но и се проширува, бидејќи имаме појава на енергетска и инфлациска криза и дека синдикатите повторно треба да имаат една значајна улога во креирањето на политиките во општеството.

„За жал, можам да кажам дека не е така. Она што се виде како пропуст во делот на ковид кризата, власта се обидува да го надополни низ носење на најразлични закони од трудовото право, но тие закони, како што гледаме, се судруваат еден со друг и на крајот на денот имаат проблем во имплементирањето или функционирањето на социјалниот дијалог, но и колективните договори“, рече Ралповски.

Тој посочи дека треба да се најде можност за дијалог, но и да се стави акцент на бипартитниот дијалог, кој, како што рече, во локалната самоуправа во последнава година функционира добро. Овој модел, вели Ралповски, не треба само да се преслика на национално ниво, туку и во приватниот сектор.

Една од суштинските борби на синдикатите, според него, треба да биде борбата за што повеќе колективни договори, на ниво на работодавач, но и на гранско ниво.

Во рамките на проектот кој е од Европската конфедерација на синдикати, била изработена и стратегија, на која се осврна Универзитетскиот професор Лазар Јовевски.

Јовевски рече дека во проектот бил вклучен од сите партнери како експерт во анализата и стратегијата за стратешко позиционирање на синдикатот во призма на обнова и зајакнување на последиците кои беа предизвикани од пандемијата со Ковид -19.

Од стратегијата, како што рече Јовевски, произлегло дека КСС треба да направи стратешко партнерство со бизнис секторот, да се насочи кон бипартитното преговарање, дигитализацијата и дигиталната трансформација на работните места којашто ќе следи и којашто веќе е актуелна во рамките на Европа, а кај нас допрва ќе следува. Потребно е и справување со пазарот на трудот и недостигот на работна сила и влезот на странски работници кои ќе станат дел од трудово правното милје во Македонија и соочување со кризите.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk