Права од социјална заштита: Траен надоместок
Права од социјална заштита
Траен надоместок
Згрижувач кој згрижувал дете во своето семејство и родител кој се грижел за детето со попреченост има право на траен надоместок.
Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку 15 години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по било која основа.
Ова правото не може да се оствари во случај на еднострано раскинување на договорот за сместување на лице во згрижувачко семејство од страна на центарот за социјална работа.
Висината на трајниот надоместок за згрижувачот изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година. Право на траен надоместок има родител кој има дете со попреченост, а го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон- семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена односно 64 години на живот за маж. Доколку на родителот му било одземено родителското право над детето ова право не може да го оствари.
Тимот на Јуридика

