МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

„Социјалниот дијалог е предуслов за пристојна плата за пристоен живот: НСО дава целосна поддршка на протестите на гранските синдикати при КСС

   Време за читање 1 минута

Независниот синдикат на одбраната дава потполна поддршка на протестите на своите братски синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и им изразува целосна солидарност.

Браќа и сестри синдикалци, секој работник заслужува да има пристојна и достоинствена плата во Македонија. Живееме во време кога инфлацијата постојано расте, а платите не се доволни за да се преживее месецот, па оттаму барањето на нашите братски синдикати за зголемување на бодот на вработените во јавната администрација е сосема оправдано. Ова го рековме и во претходната поддршка за протестот кој се одржа на 30 март, а го велиме и сега од причина што е од суштинската важност за вработените во јавната администрација, вклучително и воАрмијата.

Ние како Независен синдикат на одбраната имаме добар и одржлив социјален дијалог со Министерството за одбрана и сметаме дека треба да бидеме пример за социјалниот дијалог на другите ресорни министерства и синдикати.

Сите барања коишто ги поставуваат нашите братски синдикати се оправдани, бидејќи истите им следуваат согласно законите и колективните договори.

Солидарно стоиме во чекор со гранските синдикати при КСС и им ја даваме сета наша поддршка.