Прави над 400.000 ДОЛАРИ САМО ЗА ЕДЕН ЧАС, некои тоа не го прават годишно
Илон Маск е еден од изминативе години е еден од најбогатите двајца луѓе во светот и постојано е или на првото или второто место, ротирајќи се со францускиот моден магнат Бернард Арно.
Маск, еден од сопствениците на Tesla својата позиција како толку богата личност му произлегува од неговата вклученост во технолошки, иновативни и претприемачки потфати.
Податоците собрани од Финболд покажуваат дека од средината на февруари 2024 година, нето вредноста на Маск била пријавена на 198,9 милијарди долари.
Нето вредноста на Маск се одредува според неговиот сопственички удел во различни компании: 20,5% во Tesla, 54% во Starlink, 42% во SpaceX, околу 74% во социјалната мрежа X (поранешен Twitter), над 90% во The Boring Company, 25 % во xAI и повеќе од 50% во Neuralink.
Од сите наведени компании, само профитот на Tesla во 2023 година е јавно достапен, кој изнесува 17,66 милијарди долари. Врз основа на неговиот удел од 20,5 отсто во Tesla, Маск заработил 3,62 милијарди долари од компанијата.
Колку е тоа во секунда, на час, дневно, неделно… Значи, тоа е приближно 114,80 долари во секунда, 6.887 долари за минута, 413.220 долари на час, 9.917.280 долари дневно и 69.420.960 долари неделно, а ние зборуваме само за заработка во Tesla…

