Вести

Зајакнување на учеството и консултации на работниците по КОВИД-19 во транспортните компании

На ден 21.12.2023 год се одржа национален состанок во склоп на проектот  Зајакнување на учеството и консултации на работниците по Ковид-19 во транспортните компании (NeNPIC) кој го спроведуваше синдикатот Federazione Autonoma dei Sindacati dei Trasporti FAST заедно со Синдикатот за транспорт и врски СТВ од Македонија како коапликант и истиот е финансиран од Европската Унија.

Состанокот се одржа со цел да се презентира целокупната работа која се спроведе во проектот и извештајот кој беше изработен врз основа на анкети, интервјуа и одржана фокус група од кои се добија информации за состојбите и моменталните проблеми со кои се соочуваат транспортните компании како последица од пандемијата со Ковид 19.

Експертот во проектот го презентираше извештајот кој го изготви кој се однесува на вклучување на работниците во донесување на одлуки во компаниите поврзани со справување со пандемијата и справување со последиците од истата.

Како што знаеме транспортниот сектор е еден од најпогодените од ковид пандемијата и од сознанијата кои ги добивме од транспортните компании врз кои се спроведуваше истражувањето, тие се соочиле со проблеми во своето секојдневно функционирање.

Важно е да се спомене дека откако е изработен извештајот од спроведеното истражување, дојдовме до конкретни примери за тоа со какви проблеми се соочуваат вработените во истите, колку е важна улогата на синдикатите во компаниите иако тоа компаниите не сакаат да го признаат и начинот на кој се бараат решенија за конкретни ситуации кои го отежнуваат процесот на работа на самите компании.

На состанокот се презентираше извештајот, а потоа беа поставени прашања на кои се одговори и беа пренесени информации за проектот во целост и активностите кои беа спроведувани во текот на неговото траење.