МакедонијаСиндикат

Раководството на СПМ оствари средба со словенечкиот министер за внатрешни работи

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Денес, 19.09.2025 година во Словенија, Анкаран на покана на Sindikat policistov Slovenije делегација на Синдикат на полиција во Македонија – СПМ оствари средба со министерот за внатрешни работи на Словенија г-дин Боштјан Поклукар.

На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу министерствата во Словенија и Македонија и синдикатите односно СПМ и СПС од Словенија.

Претседателот на СПМ Орце Коцевски се заблагодари на министерот Поклукар за целата поддршка што Словенија и словенечкото министерство за внатрешни работи постојано ни ја даваат во справување со последиците од трагедиите случени оваа година.

враќањенапрофесионализмотвополицијата

силанановотовреме