НовостиСветот на работникот

Само преку унапредување на меките и тврдите вештини може да дојдете до работна позиција со поголема плата

   Време за читање 2 минути

За да ја добиете работата за која сте аплицирале, важно да се подготвите добро за интервјуто за работа. Важно е и да поминете што е можно подобро и да го импресионирате работодавачот или менаџерот за човечки ресурси. Сепак, за да ја задржите работата, несомнено е потребно да имате низа на меки и тврди вештини.

Лидерството и комуникацијата меѓу најважните меки вештини

За голем дел од работодавачите, лидерството и комуниацијата кои ги поседуваат кандидатите за работа се од исклучителна важност. Поради тоа, кандидатот за работа треба да инвестира во стекнување и унапредување на овие вештини за да остане конкурентен на пазарот на труд. Се разбира, не е потребно да бидете перфектни, но и тоа како треба добро да ги познавате овие вештини.

Лидерството како вештини подразбира и самоиницијатвност, бидејќи ниеден лидер не може да биде лидер ако не е самоиницијативен. Затоа потребно е да бидете и самоиницијативни. Оваа одлика во голема мера ќе ви помогне да оставите поголем позитивен впечаток кај работодавачот. А може и да ви помогне во напредувањето на корпоративната скала, а со тоа и во зголемување на платата.

Услужувањето на клиенти, продажбата и сметководството како најбарани тврди вештини

Тврдите вештини или техничките вештини се оние кои ги наведувате во CV-то и се многу важни во процесот на извршување на работните задачи. Според една стататија на деловната социјална мрежа LinkedIn, услужувањето на клиенти, продажбата и сметководството се едни од најбараните тврди вештини.

Во статијата на LinkedIn се наведува дека според едно истражување на компанијата „Fast Company“, уделот на работни места каде што се бараат вештини се зголемил за 25 % во последните 20 години. Проценува дека повеќе од милијарда работни места ширум светот ќе се трансформираат во следната декада.

Токму поради ова, треба постојано да ги унапредувате постоечките вештини, но и да се стекнувате со нови. Само на тој начин ќе може да се прилагодите на новите промени кои се појавуваат на пазарот на труд.

 

 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси