СПМ: Ова е вистината за СВР Куманово
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
Приказни за мали деца од нашиот “the best ever” 
Барање за ПОДОБРУВАЊЕ на условите за работа на полициските службеници во СВР Кужаново
За жал односно вистина СВР Куманово прераснува како едно препознатливо и најконтраверзно од СВР – ата во цела Република Македонија. Најверојатно бидејќи нашиот Министер е од Куманово, па наместо да обединува тој и овој пат како секогаш ги подели вработените.

Но, да се насочиме кон реновираниот објект од светски размери СВР Куманово и да дадеме неколку точни аргументи околу “создавањето”на задоволна полиција и колку таа всушност е задоволна…..
Надворешната слика од пред кругот на СВР Куманово од улица е одлична
Кога ја гледа некој кој не е вработен во таа зграда навистима добива впечаток за “секоја чест” на министерот
Ајде по ред…. 
Првите простории на влезот и катот каде се сместени началниците и друг раководен кадар се исто така одлични, целосно реновирани од врати и прозорци, инвентар и тоалети бидејќи таму ги користат луѓе од “прва” класа. Задоволна полиција без сомнеж….
Но, што се случува зад “новите” поставени врати кои беа само за сликање!?
Како навлегувате во внатрешноста на останатите простоии сфаќате дека ова не е дел од истото “убаво” СВР Куманово
Веднаш се прашуваме:
Кој ли работи таму
Има ли луѓе таму или се добиток
Кој ги постави критериумите кој е заслужен да користи се ново, а кој не
Во еден ходник имаме нови врати од едната страна, а од другата останаа стари расклатени што воопшто некои и не се затвараат и да не набројуваме. (сами оценете што, која канцеларија доби што, кој тоалет користи итн…).
Ве прашуваме наш драг, незаменлив, секогаш нај, нај Министре Спасовски:
Бидејќи објектот го промовирате за еден како ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАН, дали пред да го изјавите тоа, поминавте во секое ќоше, просторија, гаража, тоалет… за да се уверите дека тоа е така, па тогаш да се пофалите, или и Вие стоите позади лажната слика која евтино сакате да ја продадете само на граѓаните на Република Македонија
Нека продолжат “вашите” пулени да ви претставуваат нереална слика, но внатре вработените ја знаат вистината
Ова е само дел од онаа што го оставивте зад “ново поставените врати” кога протрчавте да се испосликате и Ве удостојат во “вашите канцеларии”.
Како се градеше, кој градеше, за тоа потоа, сега не откриваме да не ви го нарушиме угледот бидејќи сте зафатени со кампања за локални “СЕГА ИЛИ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ”. Вие и граѓаните ќе се запрепастите од вистината, а тоа колку ќе Ве здоболи ќе знаете само Вие, наш нај, нај добар “ever” Министре, фарбач на нови фасади!
Ова е линк од постот каде “тече мед и млеко”:
Подоле се сликите кои служат за доказ дека се создава “задоволна” полиција
Ги повикуваме надлежните служби да преземат мерки согласно Закон

