МакедонијаСиндикат

СПМ поднесе барање за зголемување на регресот за годишен одмор

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Барање за зголемување на правото за РЕГРЕС за годишен одмор за 2025 година за сите вработени во МВР ‼️

Согласно одредбите од член 21 од Општиот КД за јавен сектор “Вработените во јавниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Според став (2) од истиот член ” Со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор”.

Согласно наведеното Бараме да се изврши измена во КД на МВР (секако после изборите) и износот на регрес за годишен одмор за 2025 година наместо досегашните 30% да изнесува најмалку 60% од просечната нето плата исплатена во Македонија во последните три месеци.

Ако ова право е предвидено во член 96 од КД на одбраната, сметаме дека ова право подеднакво и рамноправно треба да се применува и кај вработените во МВР👮👮

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#силанановотовреме