МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Продолжете да се фалите и си терате ваша кампања, а ние за кратко ќе обелодениме што точно направивте за СВР Куманово

Вчерашниот “монтипајтон”циркус дојде, протрча набрзина и си замина.Најважно беше на јавноста да се презентира маската(надворешните ѕидови) накитена со “дијаманти и злато”. Се собраа десетина костумисани, дотерани, задоволни, партиски следбеници .Низ ходниците иако реновирани, се чувствуваше студенило и чемер. Останатите полициски службеници ги напикаа по просториите, а другите ги избркаа на терен, за да не се види колку се “дотерани” со новите чевли и униформа дадена уште пред десет, дваесет и повеќе години. Одберената “елита” од десетина подобни трчкаа покрај Вас и Ве вовлекоа во кабинетот на начачникот, мислиш во европски кабинет се влегува, но на ниедна друга врата никој не побара ниту тропна, а уште помалку влезе за да се слика со стариот инвентар и го види изразот “ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА” на лицето на останатите вработени. 🎯💥
Со што се пофаливте наш драг, “НЕЗАМЕНЛИВ” , најдобар и единствен Министре? Со тоа што створивте комодитет на оние, што не знаат терен што е, а земаат секој месец триесет и два часа прекувремени, бонус плата и куп други привилегии? Оние што користат службени возила за лични потреби, додека полициските службеници возат стари, неисправни? Се пофаливте дека створивте подобри услови на вашите најзаслужни, оние кои ја упропастија службата со своето незнаење, оние кои од лични фрустрации ѓаволски секојдневно се подсмеваат и се хранат со нанесено зло , уживат во солзите на неправедно казнетите, прераспоредените, оние кои и така едвај врзуваат крај со крај од мизерната бедна плата, за која не се ни обидовте да ја покачите од како сте единствен, незаменлив, сакан, наш Министер, а сепак одделуваат од личните сретства за да си купат делови од униформа за да си го задржат достоинството и го претстават министерството во најдобро светло. ‼️
Со ништо добро не се пофаливте! Само докажавте дека уште еден делумно реновиран објекет од парите на граѓаните е Ваша партиска самопромоција во предизборната кампања‼️💥
Никој не Ве пречека, никој не Ви укажа почитување, никој од вработените не се израдува од вашата посета и вашите реновирани ѕидови!⛔❌
А најжално е што мислите и со Вашите постапки ја подценувате интелигенцијата на полицискиот службеник, претставувајќи го вашиот ” гламур”со кој сакате да го убедите дека е и нивен, па дури порачавте од еден медиум да се снима и видео во позадина со црковна музика, мислевте дека ќе го прекриете злото, а Вас ќе ве претстави како чиста светлина и “ангел” спасител. Продолжете да се фалите и си терате ваша кампања, а ние за кратко ќе обелодениме што точно направивте за СВР Куманово и останатите СВР-а. И не заборавај да си го шеташ насекаде твојот привезок Маце. Нареден пат стави си го одма десно до тебе, нели ти е десна рака, што глумиш лудило пред јавност 💯‼️