МакедонијаПравдаСветот на работникот

Толкување на одредбите од Законот за работни односи за престанок на вработување со отказ!

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
 
тема: Примена на членовите 81 и 82 на ЗРО за престанок на договор за вработување со отказ!
Ставот 1 на двата члена предвидува дека работниот однос МОЖЕ да престане со откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина од страна на работникот. Овде клучен збор е МОЖЕ, и ова се однесува за стопанството. Кај административните службеници правна состојба е поинаква, но за тоа во друга прилика.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека ако се исплонети условите за отказ предвидени во членовите 81 и 82 на ЗРО работодавачот МОРА да даде отказ на договорот за вработување.
ТОЧНО Е дека работодавачат може слободно да одлучи да не даде отказ на договорот за вработување иако за тоа има еден или повеќе правни основи.
МОЖНО Е основите за отказ да се доуредуваат со колективни договори, што всушност и веќе е направено во одредени гранки и компании.
проф. д-р Лазар Јовевски 
 
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО