Треба да потпишете договор за вработување кај работодавачот, но содржи конкурентска клаузула. Што значи тоа?
Треба да потпишете договор за вработување кај работодавачот, но содржи конкурентска клаузула. Што значи тоа?
Конкурентска клаузула најчесто содржат договорите за вработување кога работникот во текот на работењето се здобива со технички, производни или деловни знаења и вештини. Ова значи дека, доколку вашиот работен однос престане (по ваша вина или волја) не смеете да се вработите кај работодавач кој се смета за конкурент на работодавачот кај кој ви престанува работниот однос. Од оваа причина значајно е прецизно да се дефинира што се подразбира под конкурентска активност и дејност, кои работодавачи ќе се сметаат за конкуренти и слично. Меѓутоа, ваквата забрана може да трае најмногу две години по престанокот на работниот однос и притоа не смее да ја исклучи можноста да се вработите кај работодавач кој не се смета за конкурент. Ако конкурентската клаузула не е изразена во писмена форма, се смета дека не е договорена. Конкурентската клаузула не се применува во случај кога работодавачот ви дава отказ или сте
се договориле за спогодбен престанок на работниот однос. Оваа клаузула се применува исклучиво во случај кога отказот е на ваше барање или пак по ваша вина. Во случај кога ја почитувате конкурентската клаузула и поради тоа ви е оневозможена соодветна заработка, работодавачот е должен во периодот на нејзиното времетраење да ви плаќа соодветен паричен надоместок за почитувањето на конкурентската забрана, кој пак мора да се определи со договорот за вработување.
Тимот на Јуридика

