Останато

Тренчевска на отворањето на две станбени единици за живеење со поддршка во Демир Капија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска ќе присуствува на отворањето на две станбени единици за живеење со поддршка во Демир Капија, во кои ќе живеат корисници од Специјалниот Завод Демир Капија.

Како што соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика, по тој повод ќе се обратат министерката Тренчевска, градоначалник на Општина Демир Капија Лазар Петров. На настанот ќе говорат и Кристина Василеска, претставник на K MOP и Сашко Јованов, извршен директор на Хуманост, лиценциран давател на социјалната услуга живеење со поддршка во Општина Демир Капија.