Уште една успешна акција на Државниот инспекторат за труд
Фејсбук статус на Гласен Текстилец:
▶ По барање на ”Гласен Текстилец” беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИТ на акционерско друштво – конфекција и трикотажа “АД Единство” Струмица, од чиј надзор се утврди дека работодавачот не води електронска евиденција за работно време.
➡️Работниците често работат прекувремена работа којашто не е платена и евидентирана.
▶ На работниците на име неостварливост им задржал неоснован дел од плата, без нивна согласност и без правен основ и правен акт. Исто така на работниците им е исплатена под минимална плата за неколку месеци.
▶ Од страна на ДИТ се донесени решенија за незаконито постапување од страна на работодавачот со кое е санкциониран и му е наложено да ги отстрани сите констатирани неправилности.
✅Ова е уште една ефикасна и успешна соработка со ДИТ и со ова ги охрабруваме работниците да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето од страна на работодавачите.

