Форум за бипартитен социјален дијалог: КСС за првпат со свој учесник
На 21 и 22 ноември во Марсеј се одржува Форумот за социјален дијалог 2023 година на Унијата на земјите од Медитеранот каде што Македонија е полнопрвана членка.
Форумот се одржува по петти пат, а на истиот за првпат учествува и учесник од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. На него се става акцент на бипартитниот социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите од Северниот и Јужниот Медитеран.
Од Македонија, свое учество има и Бизнис Конфедерацијата чиј претставник е Миле Бошков.
Дел од темите на кои се разговара се:
- Социјален дијалог – размена на добри практики
- Зелена и дигитална транзиција
- Активна инклузија и ефективна социјална заштита
- Економска миграција
- Состојба на регионално регионално програмирање.

