Хелсиншки: Остануваат без работа 265 работници, биле принудени да потпишат спогодбен отказ
Во месец април, Хелсиншкиот комитет за човекови права регистрирал 85 пријави за прекршувања на работничките права, кои опфатиле приближно 920 работници. Голем број од нив пријавиле дека одредени работодавачи и покрај сите препораки и мерки, ја злоупотребиле вонредната состојба и им ги откажале
договорите за вработување на цели групи вработени лица.
Поголемиот дел од работниците воопшто не добиле писмено известување за тоа, туку работодавачите
едноставно ги одјавиле од Агенцијата за вработување.
Повеќе прочитајте на лидер.мк

