Што значи ратификувањето на Конвенцијата за елиминирање на насилство на работното место? ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со проф. Јовевски
Во денешното видео интервју разговараме со Универзитетскиот професор и експерт по трудово право, Проф. Д-р Лазар Јовевски. Тема на разговор е неодамна ратификуваната Конвенција на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата. Покрај ова, отвораме и други прашања, а едното од нив се однесува и на парадоксот на ратификување на конвенции, па нивно непочитување.

