Што работодавачите повеќе не сакаат да видат во вашето CV?
Кога Пријанка Џејн, коосновач и извршна директорка на компанијата Evvy, која се занимава со тестирање и нега на микробиомот, вработува нови членови во тимот, точно знае што бара – но и што ѝ е црвено знаме кај кандидатите.
Таа сака да вработи луѓе кои се подготвени да дадат повеќе од тоа што стои во нивниот формален опис на работното место. Тоа може да се забележи преку секцијата „Интереси“ во биографијата – преку волонтерски активности, лични проекти или достигнувања што покажуваат вистинска страст за областа во која работат, пренесува CNBC Make It.
Стартaпите бараат и стратегија и акција
Она што Џејн не сака да го види се кандидати кои се фокусираат исклучиво на стратегијата, но ја избегнуваат оперативната страна на работата. „Ако извршувањето задачи е надвор од нивната ‘зона на генијалност’, тоа секогаш малку загрижува“, вели таа.
Во стартапите, каде тимовите се мали, а ресурсите ограничени, секој мора да биде подготвен и да размислува и да работи. „Во такво опкружување, секој треба да знае да препознае проблем, да размисли за решение, но и сам да ги спроведе идеите – да ги напише, имплементира и доведе до крај“, објаснува Џејн.
Деталите откриваат вистинска способност
На секое интервју, Џејн поставува едно исто прашање: кандидатот да опише проблем со кој се соочил на претходното работно место и како истиот го решил.
„Нивото на детали што кандидатот ги дава за процесот – а не само за крајниот резултат – открива колку навистина бил вклучен“, објаснува таа. Ако некој прецизно ги објасни чекорите што ги презел, најверојатно ги извршил самиот – што значи дека тоа ќе може да го направи и на новото работно место.
Дополнително, го следи и односот кон работата: ако кандидатот зборува со ентузијазам и за стратегија и за изведба, тоа е секогаш добар знак. „Таквата енергија ќе се пренесе и на идните задачи“, заклучува Џејн.
Извор: BIZLife/K. J.

