Јовевски: Промените во трудот се неизбежни – но начинот на кој ги водиме прави разлика.
Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски.
Промените во трудот се неизбежни – но начинот на кој ги водиме прави разлика. ![]()
Денес имавме конструктивна и отворена размена на мислења со социјалните партнери, насочена кон зајакнување на улогата на вработените, навремено препознавање на предизвиците и унапредување на механизмите за социјален дијалог и решавање спорови.
Во рамките на меѓународниот проект „Металика – Промовирање на вклучувањето на вработените во спречувањето и решавањето на спорови во услови на реструктуирање што произлегува од двојната транзиција во металскиот сектор во Европа“, ја одржавме националната работилница каде сум национален експерт за Македонија.
Заклучокот е дека без вистинско учество на вработените – нема праведна и одржлива транзиција!

