Останато

13 работи кои треба да ги знаете за првиот работен ден

Првите денови на работа секогаш со себе носат одредена доза на трема, затоа би било добро да се подготвите за новиот почеток. Порталот Телеграф Бизнис посочува 13 работи на кои треба да се обрне внимание на првиот работен ден: 

Дојдите порано и заминете подоцна
 
Дојдете 10 минути порано. Ако претходно не сте оделе со превоз до локацијата на новата компанија, корисна вежба е да одите неколку пати во текот на сообраќајниот шпиц за да бидете подготвени за непредвидените околности. Потрудете се да одите порано на работа, а да заминувате меѓу последните. Секако, тоа не значи дека треба да дојдете на работа пред портирот. 

Upoznajte se sa društvenom situacijom

Запознајете се со социјалната ситуација

На секое поголемот работно место ќе наидете на табори – некои од нив се во подобри односи со шефот од другите. 

Барајте совет, но не бидете здодевни

Во ред е ако не сте сигурни како и дали би требало нешто да се направи. Прашај ги колегите и со задоволство ќе ви излезат во пресрет. Сепак, избегнувајте по сто пати да го поставувате истото прашање. 

Опуштете се и насмејте се

Додека пристапувате стратешки кон ситуациите во кои се наоѓате, не заборавајте да се опуштите за да ја зголемите својата продуктивност. Погрижете се да дојдете на време, одморни и подготвени. Важно е да се биде насмеан при запознавање и ракување со новите луѓе и со тоа јасно да им се стави дознаење дека сте среќни што сте дошле. Вашите колеги тоа ќе го запомнат. 

Изгледајте соодветно

Заземете формален пристап кон облекувањето и однесувањето. Набљудувајте ги другите и прилагодете се. 

Не бидете срамежливи, но бирајте ги зборовите

Потрудете се да го направите првиот чекор и претставите им се на другите. Водите сметка за тоа како се изразувате и избегнувајте ги непристојните зборови. 

Слушајте 

Нови сте, па поради тоа слушајте. Слушањето и впивањето на сите информации за новата работа и вашата улога е најважно во првите денови. Почетокот на рабтењето не е време кога треба да изразувате силни ставови и мислења. Бидете пријателски настроени, запознајте се со луѓето и слушајте. 

Разговарајте со колегите

Еден од најважните увиди кои можете да ги добиете од луѓето со кои ќе соработувате е како функционира вашиот оддел. Најдобар начин за воспоставување на доверба е да бидете љубезни и пристапни од самиот почеток. 

Емитувајте позитивна енергија

Сите сакаат да работат со ентузијастички и позитивни луѓе – покажете им дека тоа можат да го очекуваат токму од вас. 

Sastanak kancelarija IT devojka posao prezentacija office

Фото: Shutterstock

Изговарајте имиња

Запознавањето на нови колеги е голем предизвик и може да се случи во меѓувреме да заборавите нечие име. Затоа е корисно да ги повторувате имињата додека разговарате. 

Запознајте се со правилата на работењето. 

Вашиот работодавач ќе има писмен или усмен опис на вашите должности кои се потребни да се исполнуваат за да успешно ја извршувате работата. Сепак, ќе постојат одредени разлики меѓу описот на работата и реалноста. Ова е важна работа, бидејќи ќе постојат дополнителни должности кои се подразбираат. Најдобро е што е можно побрзо да откриете што се очекува од вас. 

Покажете интерес

Веројатно ќе бидете преставени на голем број на луѓе. Тие ќе бидат љубопитни да се запознаат со вас, обидете се и вие да дознаете нешто за нив.

Обрнете внимание на говорот на тело

Вашиот говор на тело го сочинува поголемиот дел од комуникацијата на работното место. Водите сметка за тоа што комуницирате, за да подобро разберете како другите ве доживуваат и за да ги изразувате неопходните прилагодувања. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock