3 стратегии со кои ќе ги импресионирате сите менаџери за вработување, вели експерт со 25 годишно работно искуство
Подготвил: Бобан Илијевски
Доколку сте во потрага по нова работа, вашето CV е ваш најголем сојузник. Овој документ е првото нешто по што ве проценуваат менаџерите за вработување и доколку е добро напишан, имате големи шанси да станете дел од вашата компанија од сонишатата.
Учењето на тоа како да го направите вашето CV да се истакнува од другите може да ви помогне да успеете во кометативниот пазар на труд. Менаџерите за вработување разгледуваат стотици професионални биографии за да потполнат една работна позиција, често поминувајќи не повеќе од шест секунди во скенирање на секое CV посебно.
Џеф Хајман, извршен директор на Recruit Rockstars, има разгледано илјадници биографии и интервјуирано повеќе од 30,000 луѓе во неговата 25 годишна кариера како регрутер.
Следете ги овие черкори, кои се состојат од совети на Хајман, со цел да напишете воочлива биографија.
Немојте само да ги наведувате вашите работни обврски – вметнете ги и вашите достигнувања и резултати
Една од најголемите грешки кои можете да ги направите, според Хајман, е вметнување на премногу информации.
„Не сакате да аплицирате со биографија напишана на две страни со мал фонот, наведувајќи ги сите работни места или достигнувања“, вели тој, додавајќи тоа нема да ви биде од корист.
За да биографијата биде само една страна (притоа фонтот подесете го на 12 големина), Хајман препорачува да се употребуваат потточки под секое работно искуство кое ќе го вклучите, со цел да ги наведете чистите и мерливите достигнувања и резултатите, наместо да ги опишувате вашите работни обврски.
„Можете да наведете дека сте биле унапредени четири пати во две години, ви биле давани потешки задачи, од вас било барано да менторирате луѓе или сте го зголемиле прометот или намалиле трошоците. Навистина, било кој податок кој ќе го импресионира читателот и ќе го натера да помисли: Вау, одлични биле на оваа позиција и можат да покжат доказ за тоа колку вредат“, објаснува Хајман.
Рефлектирајте го описот на работното место
Поминете 15 до 20 минути прегледувајќи го описот на работната позиција за која аплицирате и погрижете се да имате вклучено најмалку пет клучни зборови или конкретни барања од работната позиција која е огласена.
„Сакате да креирате прилагодена верзија на вашата биографија која ќе го рефлектира описот на работното место кое се бара, со цел читателот да помисли: Како да не го интервјуираме ова лице?“, објаснува Хајман.
На пример: Една од најчестите функции на продажен менаџер е да го направи компензаицскиот план за претставниците за продажба, што значи дека ако аплицирате на работнат позиција како продажен менаџер, Хајман вели дека во вашата биографија треба да вклучите дека успешно сте направиле компезациски план и истиот сте го имплементирале со тимот.
Доколку нема опис на работното место, прочитајте ги LinkedIn профилите на луѓето кои работат на исти или на слични позиции во компанијата или пак објавите за истите работни места.
Нагласете ги лидерските и менаџерските вештини.
Еден од најтешките квалитети според кој може да се регрутираат луѓето е квалитетот за водење и инспирирање на другите, но истиот е еден од највредните сегменти кои кандидатот може да ги „стави на масата“, вели Хајман.
„Сите менаџери за вработување сакаат да пронајдат некој кој ќе порасне од индивидулен придонесувач во лидер/менаџер/шеф. Било какво искуство и да имате во областа на лидерството, развој на луѓето, вработување или менторирање, е многу важно за регрутерите и директорите, па истото сакаат да го видат во биографијата“, истакна тој.
Размислете за времињата кога сте помогнале да се регрутира талент, сте обучувале нови вработени, сте воделе тим на некој проект или сте одлучувале за вработување на нов работник и ставете ги во биографијата.
„Менаџерите за вработување се заинтерсирани во вработувањето на луѓе, но се уште повеќе заинтерсирани и возбудени за пронаоѓање на таленти од кои компанијата ќе има бенефит“, рече Хајман.
Извор: CNBC
Фото: Pixabay

