ПравдаСветот на работникот

51 – годишен работник починал на работното место

Скопјанец починал на работното место. 

Во полиција вчера околу 8 часот е пријавено дека во приватна фирма на  ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т.П.(51) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа на СВР Скопје.