Една од најголемите грешки кои ги направиц пред шест години како млада претприемачка беше ставањето на мојата љубов кон учењето на пауза, пишува Џен Гланц за Бизнисинсајдер.
Џен е претприемачка и основач на компанијата „Деверуши за изнајмување“ и таа смета дека меките вештини се многу важни за луѓето кои сакаат да основаат свој бизнис за да се развиваат и редовно да напредуваат.
Нејзиниот текст Блиц.рс, за Бизнисинсајдер го пренесува целосно.
Пред основањето на компанијата, секое тромесечје се запишував барем на еден нов курс за да ги унапредам постоечките вештини и да стекнам нови.
Одев на 10 – неделен курс за пишување, 8 – неделни часови за стенд – ап комедија (каде болно моравме да настапуваме во вистински клуб за завршниот испит) и 8 – неделен курс за импровизација. Сите овие предавања во тоа време не се однесуваа на мојата работа (работев за технолошки стартап), но ме научија за елементите на комуникацијата и креативноста кои влијаеле на она како придонесував на своето работно место.
Кога влегов во претприемачките води, престанав да се пријавувам на дополнителни курсеви. Немав толку слободно време за долги предавања, па едноставно се откажав и заборавив на новите вештини. Набрзо забележав дека запирањето на курсевите негативно влијаело на тоа колку добро ја водам работата, комуницирам со клиентите, па дури и ги решавам проблемите.
Сфатив дека следењето на подобрувањето и совладувањето на одредени меки вештини е потребно за секој претприемач и повторно започнав тоа да го ставам како приоритет. Ви претставувам шест видови на вештини кои е важно да ги совладате кога започнувате сопствен бизнис и како истите можете да ги научите бесплатно.
Јавен настап
На дното на „to – do“ листата на многу луѓе се наоѓа белешка која зборува нешто како „поработи на стравот од јавни настапи“. Преку 77 % од луѓето има одредено ниво на анксиозност кон јавните настапи, но како претприемач, јавните настапи се нешто со кое често се сретнувате.
Кога сте на чело на компанијата, обично често ги водите презентациите и состаноците, преговарате со инвеститори и се појавувате на видео или аудио содржина за својот дигитален маркетинг.
Да научите како да звучите привлечно, да имате професионален говор на телот и да управувате со нервите е нешто што ќе ви помогне да се истакнете во такви ситуации.
Со оглед дека го емитираме тоа што го консумираме, еден едноставен и бесплатен начин да совладате добри говорни вештини е да гледате добри говорници. Поминете 20 минути неделно гледајќи Тед Такс разговори (тие обично професионално ги обучуваат своите говорници) и запишете две до три работи кои говорникот ги направил, а го прикажале како вешт и харизматичен. Водењето на таква листа ќе ви помогне да почнете да применувате некои од тие техники додека говорите.
Networking/Бизнис Вмрежување
Кога водите бизнис, често ќе бидете во потрага по луѓе од разни индустрии за да ви помогнат, да се советуваат со вас или да ви ги пружат своите услуги. Да се биде добар „вмрежувач“ ви помага во воспоставувањето на база на податоци на луѓе на кои можете да им се обратите кога ќе ви биде потребно нешто и луѓе кои можете да ги упатите кон другите пријатели претприемачи.
Станувањето на силен „вмрежувач“ е вештина која човек мора да ја научи и со неа вешто да управува. Еден бесплатен начин кој ќе ви помогне да стекнете нови вештини е преслушувањето на различни поткасти за теми и водечки луѓе во вашата индустрија. Исто така, можете да се придружите и на групите во социјалните мрежи во кои поедници од вашата индустрија можат да се поврзат или присуствуваат на локалните мрежни настани или конференции. Одберете ја квотата за бројот на нови луѓе кои сакате да ги запознаете и излезете таму и вежбајте.
Преговарање
Од договори со добавувачите до плати на идните вработени, уметноста на преговарање е вештина која би требало сите претприемачи да ја совладаат. Ако сте вешти во преговарање, често можете да бидете сигурни дека ги штитите границите, вредноста и целокупната основа на своето работење.
Кога знаете како правилно да ги искомуницирате своите барања и желби, одговорите на одбивање и да се договорите со друго лице, често можете да се најдете во позиција за успех, тн. win – win ситуација.
Размислете за читање на книгата „Никогаш не ја раздвојувај разликата“, која ја напишал поренешен преговарач на ФБИ за заложници.
Пишување
Како претприемач, вештини на пишување ви се потребни секој ден. Ќе се најдете како составувате важни е- пораки, пишувате презентации, па чак и копирате за веб страници или напори за дигитален маркетинг. Знаењето како да се бавите со зборови и пишувањето на јасен и содржински начин навистина може да ви помогно подоверливо да комуницирате во пишан облик.
За да се осигурате дека вашата граматика и правописот ви се на место, препорачувам инсталирање на бесплатниот додаток како што е Grammarly. Исто така можете да следите бесплатни куресви на веб страници, за да научите голем број на специфични вештини за креативно пишување или пишување на социјалните мрежи.
Активно слушање
Уметноста на активното слушање е нешто што претприемачот кој секогаш создава, креира и разговара низ своите идеи можеби нема природно да дојде. Кога слушате активно, често побрзо ги разбирате повратните информации и можете подобро да ја разберете перспективата на лицето со кое комуницирате, било да е клиент или инвеститор.
Учењето како да ги запрете своите мисли за да бидете присутни во разговорот и да поставите важни дополнителни прашања може да ви помогне да го промените начинот со кој се снаоѓате во итни ситуации.
Забавен и едноставен начин за подобрување на вештината за активно слушање е учествување на бесплатната интерент страна за импровизација, каде низ игри и активности ќе бидете подобри во рамислување на лицет мето и внимателно слушање на она што го зборуваат другите луѓе.
Управување со времето
Една од првите и најбрзи работи кои ќе ви се случат како претприемач е да ви се пополни распоредот на сите страни. Пред да сфатите, секој буден час е исполнет со брејнсторминг, состанок или само долг попис на работи кои треба да се завршат. Успешното управување со времето е вештина која ќе ви дојде добро и ќе ви овозможи да бидете повеќе продуктивни.
Знаењето како да се подели денот, да се сработат приоритетните задачи и носењето со интензивни моменти на одлоговлекување на помшта ќе ви биде поефикасно и поделотворно во работата.
Користењето на алатки за следење на времето може да ви помогне да визуелизирате како секојдневно го поминувате времето. Ако сакате да го подобрите своето време, статиите од блоговите како Time Management Ninja делат начин како да се остане продуктивен во текот на целиот работен ден.