Билетите во Европа наскоро поскапи: ИАТА предупредува дека поскапувањето на горивото е неизбежно
Повисоки цени на авионските карти во Европа се „неизбежни“ поради растот на трошоци на млазно гориво, предупредил генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш.
Волш во интервју за Би-Би-Си рекол дека авио-компаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемите трошоци за гориво, иако некои европски компании во последно време ги намалиле цените на билетите поради послабата побарувчка, пренел Би-Би-Си.
Волш предупредил и на ризиците по снабдувањето во очи на летната сезона, наведувајќи дека британскиот авио-сообраќај би можел да се соочи со потенцијален притисок на залихите за гориво во текот на врвот на сезоната, иако, како што нагласил, „нема причина за паника“.
Според него, дури и во случај на брзо отворање на Ормутскиот теснец, пореметувањата на пазарот на нафта и оштетувањата на рефинериите на Блискиот исток би можеле да имаат долгорочен ефект на цените на горивото.
„Едноставно не постои начин авио-компаниите да ги апсорибираат дополнителните трошоци“, рекол Волш, додавајќи дека евентуалните попусти би биле краткорочни и дека трошоците на крајот ќе се одразат на патниците.
Тој предупредил дека проблемот би можел да потрае неколку месеци, па дури и до наредната година.
Европската унија соопштила дека не гледа регулаторни препреки за користење на американско млазно гориво, под услов неговиот увоз внимателно да се управува, додека комесарот за енергетика Дан Јоргенесен порачал дека не очекува недостаток во краток рок, но дека долгорочни ризици постојат.
Од туристичката индустрија стигнуваат слични процени – директорот на компанијата ТУИ Себастијан Ебел рекол дека не очекува сериозни пореметувања во наредните месеци.
Британската влада навела дека ја следи ситуацијата и дека соработува со авио-компаниите за да се избегнат пореметувањата и да се овозможи стабилно планирање на летовите во текот на летната сезона.
Извор: Telegraf.rs/Tanjug

