Вести

BRAINSTER JOB FAIR – НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ПОВРЗА НАД 200 СТУДЕНТИ СО 50 КОМПАНИИ

Повеќе од 200 студенти од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ имаа можност да се претстават пред педесеттина водечки компании од земјава и регионот, на најголемиот ИТ-саем за вработување, Brainster Job Fair, што вчера се одржа во Лабораториум.

„Добре дојдовте на Brainster Job Fair, првиот од многуте понатаму“.

Вака го започна говорот Јана Тодоровска, лидерка на тимот „Партнерства“ од Бреинстер и им посака успех на компаниите во потрагата по таленти, а на студентите побрзо да дојдат до пракса и вработување.

Настанот е организиран како отскочна даска за кариерите на студентите од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ. Па така, 200 студенти добија ексклузивен пристап да ги покажат своите вештини пред водечките ИТ-компании од регионот.

Повеќе на Пари