„Дадов отказ на 31 и започнав од почеток како неплатена приправничка“: Била најстара во просторијата, но тоа ја довело до работата од соништата
Во време кога илјадници луѓе се борат да пронајдат работа, а конкуренцијата на пазарот на труд никогаш не била поголема, една жена од САД донела одлука која многумина би ја оцениле како крајно ризична. На 31 година дала отказ од постојаната работа, останала без приходи и прифатила неплатена пракса за да ја промени кариерата.
Денес вели дека токму таа одлука била пресвртинцата која ѝ ја отворила вратата на потполно новиот професионален живот, пишува Business Insider.
Чувството дека нешто не е во ред ја натерало да даде отказ
Џеки Гарсија Моралес работела како соработник во издаваштво и била задоволна со својата работа. Меѓутоа, на почетокот од 2025 година започнало да ја следи некое чувство дека нешто не е во ред.
Како што наведува, не можела рационално да објасни поради што, но нелагодноста стнувала сѐ посилна.
На крајот одлучила да даде отаз.
Недолго потоа пристигнала веста дека нејзината поранешна компанија се затвора.
„Бев шокирана. Од една страна, се покажа дека мојот инстинкт бил точен. Од друга, останав без работа во многу конкурентна индустрија“, се присетила.
Пазарот на труд ја дочекал со студен туш
Кога започнала да бара нова работа, сфатила дека ситуацијата е многу потешка отколку што очекувала.
Кандидатите испраќале стотина апликации без одговор, додека сѐ почесто се појавувале огласи за работни места кои всушност не биле активни.
„Стана јасно дека традиционалниот систем на вработување повеќе не функционира како некогаш“, вели таа.
Во потрага по алтернатива, одлучила да направи нешто што не можела ни да го замисли неколку месеци претходно.
Се пријавила за неплатена пракса.
На 31 година повторно станала приправничка
Праксата се однесувала на областа извадавање книги, индустрија во која сакала да ја гради иднината.
По задачата и две интервјуа добила шанса.
„Дали навистина сакаш да бидеш овде?“, ја прашал директорот на издавачката агенција.
Одговорот бил потврден.
„Не затоа што мислев дека е гламурозно да се биде приправник, туку затоа што сакав да бидам дел од заедница која заедно работи на успехот“, објаснила.
Со оглед на тоа дека праксата не била платена, морала да прифати хонорарни и сезонски работи за да ги покрие основните трошоци на живот.
Најголемата лекција ја добила од младите колеги
Враќањето во улогата на приправник не било лесно.
Зад бирото често седела со колеги кои биле и повеќе од десет години помлади од неа.
Сепак, токму тие ѝ го промениле погледот на работата и кариерата.
„Беа отворени, поставуваа прашања без срам, искрено зборуваа за стресот, несигурностите и своите амбиции. Сфатив колку време сум била затоврена работејќи во корпоративно опкружување“, вели Џеки.
Наместо да аплицира започнала да разговара со луѓето
Најголем проблем преставувале автоматските одбивања и системите на вештачка интелигенција кои ги филтираат кандидатите.
Се плашела дека ознаката „приправник“ во биографијата ќе изгледа како чекор наназад.
Наместо да продолжи да испраќа пријави, одлучила да го промени пристапот.
Контактирала 145 луѓе кои работат на позиции кон кои тежнеела и во текот на два месеци направила повеќе од 80 разговори.
„Луѓето беа заинтересирани од мојата необична кариерна приказна и начинот на кој ги градев контактите“, наведува таа.
Работата ја пронашла неа
Пред самиот крај на праксата се случил неочекуван пресврт.
Започнале да ѝ стигнуваат понуди за работа.
„Најлудо од сето тоа е што не аплицирав ниту за една од тие позиции“, вели Џеки.
Работодавачите биле привлечени од нејзиното искуство, истрајноста и подготвеноста да ризикува за да ја промени кариерата.
На крајот ја прифатила работата како издавачки агент во тим за кој вели дека ги комбинира професионалните резултати и поддржувачката работна атмосфера.
Нејзината приказна денес служи како потсетник дека понекогаш чекорот кој изгледа како назадување може да стане најбрз пат до нов почеток.
Извор: Blic.rs

