Дали за 800.000 евра ЗИК Пелагонија ќе оди во стечај? На сметката „немало ниту еден денар“ за извршување
„Агроефодиа“, фирма од Струмица за вештачки ѓубрива со краен сопственик од Кипар, иницира пред Основниот суд во Битола предстечајна постапка за ЗК Пелагонија, акционерското друштво кое ја поседува најголемата житница во земјата.
Во предлогот за претходна стечајна постапка предложен е и привремен стечаен управител, а според соопштението на стечајниот судија, се работи за долг од 800.000 евра, за кој што доверителот имал судско решение за наплата. Рочиштето е закажано за 5 ноември, иако неофицијално се очекува двете страни да се договорат во меѓувреме.
Повеќе на Фактор

