Вести

Deloitte: Напредокот ќе зависи од тоа колку се јасни и одржливи стратегиите за вработените

Подготвил: Бобан Илијевски

Предизвиците кои ги донела пандемијата довеле до фундаментален пресврт во работењето, а се почести се и тензиите помеѓу вработените и работодавачите во однос на преговорите за враќање на работното место. Раководителите препознаваат значајни силни последици кои во овој момент можат да се одразат на тоа, како организациите ќе вработуваат, ќе ги поддржуваат работниците и ќе комуницираат со нив во иднина. И додека методот „анкетирај и реагирај“ до денес доминирал, напредокот и растот во неизвесната иднина ќе зависат од тоа дали компаниите имаат јасна и одржлива стратегија за вработените. 

Додека лидерите тежнеат кон тоа да ги искористат позитивните економски изгледи, во сите стопански гранки се издвојува како најважен еден, ист приоритет – се во врска со талентите. Лидерите ги трансформират своите работни места и стратегии за вработените, за да ја оптимизираат секоја поединечност на работното искуство на талентираните работници. Во многу кратко време новиот, хибриден модел на работа ќе им помогне на многу компании да ја обезбедат флексибилноста која луѓето ја сакаат и истовремено да можат да ги соберат на куп кога е тоа најважно – нудејќи најдобра како виртуелна така и работна средина за нивното физичко присуство. На подолг рок, ќе биде од суштинско значење, управувањето со талентите повторно да се осмисли на начин кој го оптимизира човечкиот потенцијал за размислување, идеи, соработка и продуктивност – притоа истовремено постојано да се истакнува целта на работата која ја работат, покажува истражувањето на Deloitte.

Додека поголем дел од анкетираните раководители (86 %) веруваат дека вработените во иднина ќе стекнат поголема независност и поголемо влијание во однос на работодавачите, 63 % од вработените мислат дека нивниот однос со работодавачите ќе стане или поинтензивен или ќе остане ист. 

Од една страна, вработените преиспитуваат се, од тоа за кого сакаат да работа до улогата за која очекуваат работодавачите да ја одиграат во најважните актуелни социјални прашања. Од друга страна, организациите размислуваат како тоа да се поклопува со нивните цели и како да ги избалансираат потребите на своите акционери, вработени и сите останати заинтересирани страни. Постојат неколку можности. 

Анкетирај и реагирај – или работата како мода

Многу компании креираат нови политики за идното работење на основа на повратни информации кои ги добиваат од страна на вработените, потезите на конкурентите и пазарните трендови во реално време. Овој модел, најверојатно, ќе резултира со краткорочно задоволство помеѓу работодавачите и вработените, но може да ја доведе во прашање и врската со инклузијата, бидејќи помалку доминантните гласови се во сенка и се недоволно застапени. За да бидат успешни, работодавачите ќе мораат да ги дефинираат и усогласат трајните вредности и да развијат одржливи стратегии за вработените кои, долгорочно гледано, ќе им користат на сите.  

Војна помеѓу талентите

Во иднина, каде достпноста и понудата на таленти ја надминува достапноста на работни места, односот помеѓу работодавачите и работниците е безличен, со работодавачот на позиција на моќ, за кој ефикасната работа има поголема вредност од развојот и вложувањето во вработените. 

Ова би можело да биде поттикнато од трендови како што се глобализацијата, офшорингот, автоматизацијата на работењето и користење на алтернативна работна сила. 

Речиси три четвртини од раководителите опфатени со истражувањето (72 %) наведуваат дека способноста на нивните луѓе е да се прилагодат, стекнат нови знаења и вештини и да ги преземат новите улоги е еден од најважните фактори, за да ги преживеат следните нарушувања. 41 % од раководителите изјавиле дека градењето на способноста и компентенциите кај вработените е една од најважните активности кои ги преземаат поради трансфомацијата на работата. Со толку многу мотивирани достапни таленти, оние организации кои одлучат да вложат во преквалификација и обука на вработените би можеле да бидат во најдобра положба за остварување на успешен раст во иднина. 

Работата е само работа

Ова сценарио се базира на јасно разграничување помеѓу работата и приватниот живот и одржувањето на професионален однос меѓу работодавачот и вработените. Пристапот на корисните работи, како што се финансиската стабилност и платените отсуства играат клучна улога во ова сценарио, бидејќи на вработените им е потребно да бидат во состојба да се остваруваат и вон работата. 

Извештајот на Deloitte открива дека 61 % од водечките компании повторно го осмислува начинот на работење, што е повеќе од двојно во однос на 29 % од нив кои тоа го правале пред пандемијата. Преобликувањето и изградбата на работењето кое треба да биде насочено на човечките способности и целите кои стојат зад работата, може да им помогне да вработените да изградат свое чувство на припадност и покрај секојдневните задачи кои го карактеризираат сценариото „работа е само работа“. На водечките компании чија цел е успех во ова сценарио, мораат да прејдат на управување со учинокот на основа на резултатот, како и дека како приоритети ја дефинираат благосостојбата, различноста и преквалификацијата на вработените. 

Целта како најважен приоритет

Иако некои компании се повлекле од улогата на социјални претпријатија, многу други ја прифатиле оваа цел, препознавајќи го нејзиното потенцијално влијание на нивната корпоративна репутација. За овие организации целта е суштината на деловното одлучување и тие се фокусирани на соединување на своите вработени околу заедничката цел. Во оваа иднина на здружени вработени и работодавачи, двете страни работат како кокреатори на целта на организацијата и се потпираат еден на друг за да се постигне организациско и лично остварување. 

Додека поголемиот дел од работодавачите (86 %) веруваат дека вработените во наредните пет години се повеќе ќе ги ценат значајните мисии во своите организации, ваквиот пристап не е без ризик. За да организациите го избегнат гледањето на целта како претстава, би требало редовно да вклучуваат и надворешни ставови и погледи кои ги претставуваат заинтерсираните страни и актерите на кои влијаат, како и повратни информации од вработените. На тој начи организацијата може да осигура таа цел да биде вградена во секој нејзин дел. 

Во денешното бурно и транзитно опкружување, предизвик за водечките компании е да гледаат подалеку од секојдневните тешкотии предизвикани од преоптовареноста на вработените со работа. Иако дефинирањето на хибридните модели на работа е важен чекор, создавање на однос помеѓу работниците и работодавачите кој овозможува успешен раст на организациите, пред се, зависи од тоа колку е јасна, убедлива и диференцирана стратегијата која е одржлива во секоја можна иднина. 

 

Извор: BIZLife magazin

Фото : Pixabay