НовостиПравдаСветот на работникот

Стресот од работа си го носите дома и ви го засегнува квалитетот на приватниот живот

   Време за читање 1 минута
Стресот од работа си го носите дома и ви го засегнува квалитетот на приватниот живот
Стресот- прво како термин, а потоа и во вистинска смисла- е причина за многу болести и психолошки состојби на вработените. Според нас, еден од најголемите проблеми е тоа што е општо и широко прифатен во секојдневието, што често пати или не го приметуваме или живееме со него како да е нешто најнормално. Но не е и ни го нарушува квалитетот на животот.
Работните места по дефиниција се места каде што се акумулира стрес и тоа од повеќе апсекти- од односи со колеги и претпоставени до природата на работните обврски.
Дали акумулирате многу стрес и не можете да се „приберете“ ниту за викенд? Тогаш треба да работите на себе за да се промените. Лоцирајте која ситуација ви предизвикува стрес, а потоа размислете како би можеле да ја избегнете или барем да ја промените за да го избегнете стресот. Исклучително е важно по работното време и во деновите кога не сте на работа да можете да се опуштите, да се одморите и да не мислите на работата.
Тимот на Јуридика