DM ДРОГЕРИЕ МАРКТ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА 15% Компанијата нуди и други работни стимулации за својот кадар
Задржувајќи ја својата компаниска филозофија чиј фокус е континуирано вложување во своите вработени, dm дрогерие маркт, 2024 година ја започнува со зголемување на бруто платите на вработените за 15 отсто. Како поддршка и благодарност за посветеноста и вложениот труд, зголемување на примањата на своите вработени од година во година е редовна пракса на dm во нашата земја.
– Горди сме што зголемувањето на платите на вработените е составен дел од нашата позитивна работна пракса. Со ова не само што се прилагодуваме на инфлацијата и другите економски фактори, туку сме тука и како поддршка, сигурност и место, коешто на вработените им обезбедува можност за напредок на личен и на професионален план. Мерилото за успех на нашата компанија се нашите вработени, па токму затоа сакавме посебно да го наградиме нивниот труд, како и нивната посветеност и мотивација. И во иднина ќе настојуваме да бидеме тука едни за други, обезбедувајќи не само материјални, туку и низа други поволности на нашите вработени – изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm дрогерие маркт во Македонија и во Србија.
Покрај 14 редовни и атрактивни плати во текот на годината, вработените во dm дрогерие маркт имаат и низа други придобивки кои креираат пријатна работна атмосфера, идеална за усовршување и подобрување на условите за работа и приватниот живот. Работните стимулации кои ги нуди компанијата го вклучуваат и концептот „smart working“ – работа од дома и од далечина, како и бесплатни курсеви по германски јазик, ваучери за пазарување, обуки, семинари, проширени здравствени систематски прегледи, како и ваучери за приватни здравствени прегледи. Во рамки на подобрување на рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата, првиот училиштен ден е слободен ден за сите вработени во dm, родители на ученици-првачиња.
Заложбите на компанијата за унапредување на личниот и на професионалниот развој на вработените, исто така резултираа и со развој на голем број образовни програми и проекти како „dm Академија“ и „dm-Lernwelt – Свет на учење“, преку кои вработените можат да го усовршуваат своето знаење и на тој начин да придонесат кон сопствениот и кон растот на компанијата.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024